Достапни линкови

Ирачкиот парламент делумно ја одобри новата влада


Ирачкиот парламент вчера делумно го одобри составот на новата влада предводена од премиерот Хајдер Ал Абади. Поранешниот премиер Нури Ал Малиќи и Ијад Алави и поранешниот претседател на парламентот Усама Ал Нуџаифи беа избрани за потпреседатели, функција која се смета за доста церемонијална. Сунитскиот политичар Салех Ал Мутлак, курдскиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари и Баха Ај Аџари од шиитскиот блок беа именувани за заменици премиери. Поранешниот премиер Ибрахим Ал Џафари ќе биде министер за надворешни работи. Парламентот го усвои предлогот за владин состав на Ал Абади освен министри за одбрана и за внатрешни работи. Премиерот најави дека чека да номинира личности за овие две позиции по дополнителните консултации и дека ќе го стори тоа неделава. Соединетите држави и други земји вршеа притисок врз ирачките политичари да формираат широка влада за да ја добијат поддршката од сунитското малцинство кое се чувствуваше маргинализирано за време на владеењето на претходниот премиер Ал Малиќи и неговата влада.

XS
SM
MD
LG