Достапни линкови

logo-print

Словачка негира дека е против санкциите за Русија


Знамето на Словачка

Знамето на Словачка

Словачка негираше дека се противела за спроведување на нови санкции против Русија, поради нејзината улога во Украина. Претходно извори од ЕУ соопштија дека Словачка се спротиставила, по што беше одложена ратификацијата на санкциите. Амбасадорите на ЕУ ќе се сретнат во текот на денот да разговараат за прашањето.

Лидерите на ЕУ се согласија да бидат спроведени нови санкции врз Русија на маргините на самитот на НАТО во Велс. Според ЕУ, санкциите може да бидат суспендирани доколу Русија ги почитува условите за прекин на огнот и ја повлече својата војска од територијата на Украина.

XS
SM
MD
LG