Достапни линкови

Средба на амбасадорите на ЕУ за санкциите врз Русија


Европската комисија соопшти дека ратификацијата на новите санкции против Русија, поради нејзината улога во Украина е одложена за неколку часа, откако една земја членка на ЕУ се спротиставила. Амбасадорите на ЕУ треба во 18 часот да дискутираат за санкциите.

Лидерите на ЕУ се согласија да бидат спроведени нови санкции врз Русија на маргините на самитот на НАТО во Велс. Според ЕУ, санкциите може да бидат суспендирани доколу Русија ги почитува условите за прекин на огнот и ја повлече својата војска од територијата на Украина.

XS
SM
MD
LG