Достапни линкови

Порошенко ја зајакнува одбраната на Мариупол


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека наредил засилена одбрана на клучниот град во југоисточниот дел на земјата Мариупол, која вклучува тенкови, ракетни лансери и воздушна поддршка. Говорејќи во Мариупол тој порача дека Украина нема да ја отстапи територија на никого. И покрај примирјето украинските сили беа нападнати од проруските сепаратисти на периферијата на Мариупол, кој е стратешки пристанишен град во кој живеат половина милион луѓе.

XS
SM
MD
LG