Достапни линкови

ЕУ со нови санкции против Русија


ЕУ соопшти дека ќе воведе нови санкции против Русија, поради нејзината улога во конфликтот во Украина. Санкциите денеска ќе бидат ратификувани, доколку ниту една земја членка не се спротистави, но нема индикации за такво нешто. Лидерите на ЕУ се согласија да бидат спроведени нови санкции врз Русија на маргините на самитот на НАТО во Велс. Според ЕУ, санкциите може да бидат суспендирани доколу Русија ги почитува условите за прекин на огнот и ја повлече својата војска од територијата на Украина.

XS
SM
MD
LG