Достапни линкови

logo-print

ОН загрижени за хуманитарната криза во Сирија и Ирак


Новиот шеф за човекови права на ОН, Зеид Рад Ал Хусеин изјави денеска дека Сирија и Ирак се соочуваат со хуманитарна криза. Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН во Женева тој ја повика меѓународната зедница веднаш да го запре насилството во Сирија и Ирак и да прекинат прекршувањата на човековите права во двете земји.

Според него, меѓународната заедница досега не успеала да стави крај на насилството во Блискиот Исток и при тоа не успеала оние кои не ги почитувале човековите права да бидат изведени пред лицето на правдата. Во однос на Украина, Хусеин порача дека сите засегнати страни мора да направат се за да ги заштитат цивилите во земјата.

XS
SM
MD
LG