Достапни линкови

Поплави во индискиот регион Кашмир, 320 жртви


Индиската и пакистанската војска е вклучена во спасувањето на жителите, поради поплавите кои го погодија регионот Кашмир. Најмалку 320 лица загинаа во поплавите, а илјадиници останаа без своите домови. Индискиот регион се соочува со најголемите поплави во изминатите 50 години од обилните врнежи од дожд.

Пакистанските власти пак соопштија дека околу 500 села во земјата се поплавени. Лидерите на Пакистан и Индија се согласија меѓусебно да си помогнат во справувањето со поплавите во двете земји.

XS
SM
MD
LG