Достапни линкови

logo-print

Задолжително берење памук во Узбекистан


Во Узбекистан почна кампањата на задолжително берење памук. Меѓу првите кои ќе бидат испратени на полињата со памук се медицинскиот персонал и студентите по медицина. Новинските агенции јавуваат дека студентите биле принудени да потпишат документ во кој се наведува дека тие доброволно се вклучуваат во берењето памук за да помогнат во развојот на татковината. Активистите за човекови права подолго време ги критикуваат властите во Узбекистан дека ги присилуваат луѓето, вклучувајќи и децата, да работата на полињата со памук. Во 2012 година над 100 странски фабрики за текстил го бојкотираа памукот од Узбекистан поради тоа што во таа земја се користел детскиот труд.

XS
SM
MD
LG