Достапни линкови

logo-print

САД остануваат посветени во поддршката на Македонија


американскиот државен секретар Џон Кери

американскиот државен секретар Џон Кери

„Од иметото на претседателот Обама и народот на Соединетите држави им го честитам на граѓаните на Македонија, Денот на независноста, 8 септември“. Ова се наведува во пораката на американскиот државен секретар Џон Кери во која се натаму се додава: „Разновидната популација во Македонија е извор на сила која продолжува да нуди идеи, енергија и ги движи напред Македонија и регионот. Соединетите држави во изминативе 23 години гордо ги поддржуваа македонскиот развој и транзија. Остануваме посветени во помагањето на Македонија во зацврстувањето на владеењето на правото, во промоцијата на слободата на медиумите и во градењето силни демократски основи за инклузивно мултиетничко општетство. Им честитаме на сите граѓани на Македонија за она што го постигнаа од независноста и решени сме да ја продолжиме нашата заедничка работа кон демократска, безбедна и просперитетна иднина“,, се наведува во пораката на американскиот државен секретар Џон Кери по повод 8 септември, Денот на независноста на Македонија.

XS
SM
MD
LG