Достапни линкови

logo-print

Иранскиот врховен лидер на операција


На иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи му била извршена операција на простатата, јави иранската новинската агенција ИРНА. Според извештаите операцијата била „рутинска“ и се вели дека е успешна. Ајатолахот кој има 75 години, го има последниот збор за сите државни прашања во Иран и е врховен лидер на земјата од 1989 година. ИРНА јавува дека операцијата била изведена денеска во владината болница во иранскиот главен град.

Во меѓувреме, иранската државната телевизија вели дека Хамнеи пред операцијата изјавил дека „нема простор за загриженост“. Досега многу ретко иранските медиуми известувале за здравствената состојбата на врховниот лидер.

XS
SM
MD
LG