Достапни линкови

САД сè уште ја сметаат Кина за приоритет


Сузан Рајс.

Сузан Рајс.

САД сè уште ја сметаат Кина за приоритет, му пренела советничката за национална безбедност на Белата куќа, Сузан Рајс на кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џиечи, на средбата во Пекинг на 8 септември.

Рајс е во кинескиот главен град за да го отвори патот за посетата на претседателот Барак Обама во ноември.

Нејзината тридневна посета доаѓа по неодамнешната препирка по блиската средба меѓу американски и кинески авиони над Јужното Кинеско Море.

Рајс рече дека меѓу сите други прашања кои се соочуваат САД, Обама сè уште смета дека Кина е приоритет.

Јанг и пренел на Рајс дека двете земји треба навистина да си ги почитуваат основните интереси, големи проблеми и конструктивно да управуваат со разликите меѓу нив и чувствителните прашања.

XS
SM
MD
LG