Достапни линкови

Мал метеорит паднал во Никарагва


Илустрација.

Илустрација.

Никарагвански функционер изјави дека звукот што се слушнал ноќта на 5 септември во главниот град Манагва е предизвикан од пад на мал метеорит. Владата соопшти дека е утврдено оти паднал „релативно мал“ метеорит, кој „веројатно дошол од астероид што поминувал во близина на Земјата“. Метеоритот направил кратер со радиус од 12 метри и длабочина од 5 метри во шумска област во близина на аеродромот во Манагва. Само на новинарите од државните медиуми им беше дозволен пристап до местото. Локалните жители изјавија дека чуле силен тресок во саботата навечер, но оти не забележале ништо чудно на небото.

XS
SM
MD
LG