Достапни линкови

Судир на Палестинци со израелска полиција во Источен Ерусалим


Архивска фотографија. Протест на Палестинци во Источен Ерусалим.

Архивска фотографија. Протест на Палестинци во Источен Ерусалим.

Млади Палестинци вчера се судрија со израелската полиција во Источен Ерусалим. До насилствата дојде по информациите дека 16-годишник од нивниот дел на градот починал од повредите здобиени во судирите со израелската полиција минатата недела. Демонстрантите фрлале камења и молотови коктели кон автомобилите што поминувале таму. Полицијата одговорила со гумени куршуми. Протестите траеле неколку часа. Нема информации за сериозно повредени. Тинејџерот Мохамед Синокрот почина од раната на главата здобиена на минатонеделните протести, но спорни се околностите при кои е повреден.

XS
SM
MD
LG