Достапни линкови

logo-print

Обама зборувал со кандидатите за претседател на Авганистан


Обама со американската војска во Авганистан.

Обама со американската војска во Авганистан.

Американскиот претседател Барак Обама им пренел на двајцата кандидати за претседател на Авганистан дека е многу важно да завршат со договорот за поделбата на власта, за да може што поскоро земјата да формира нова влада, соопшти Белата куќа. Според соопштението, Обама зборувал со двајцата кандидати на 6 септември. Конечниот договор ќе им помогне да се зацврсти меѓународна поддршка за Авганистан и ќе помогне во стабилизирањето на земјата.

Поранешниот министер за надворешни работи на Авганистан, Абдула Абдула освои најмногу гласови на првиот круг од гласањето во април, но не доволно да се избегне втор круг на гласање во јуни.

Според прелиминарните резултати, поранешен министер за финансии Ашраф Гани Ахмадџаи победил во вотриот круг, но и двајцата кандидати обвинуваат за изборна измама.

Кандидатите се обидуваат да преговараат за поделба на власта, со тој договор ќе се отвори патот да се формира влада на национално единство.

XS
SM
MD
LG