Достапни линкови

Ирачкиот парламент треба да гласа за новата влада


Хајдер ал-Абади.

Хајдер ал-Абади.

Ирачкиот парламент денеска треба да гласа за доверба на новата влада на мандатарот Хајдер ал-Абади, соопшти вчера кабинетот на претседателот на парламентот Селим ал-Џабури. Составот на новата влада сè уште не е објавен. Мандатот за формирање нова влада на Ал-Абади му беше врачен на 11 август, откако шиитскиот, сунитскиот и курдскиот политички блок одбија да му дадат поддршка на досегашниот премиер Нури ал-Малики. Рокот за предлог на нова влада истекува на 10 септември. Малики, кој освои најмногу гласови од сите кандидати на парламентарните избори во април, ја изгуби довербата откако милитантите од Исламската држава ја презедоа контролата врз големи делови од северен Ирак и од пред три месеци предизвикаа речиси целосен колапс на ирачката армија.

XS
SM
MD
LG