Достапни линкови

Врие во Црвениот крст на Македонија


Илустрација.

Илустрација.

Полицијата деновиве поднесе кривична пријава против поранешниот секретар на битолскиот Црвен крст, Никола Христовски. Тој вели дека тоа е резултат за нетрпеливоста со првиот човек на републичкиот Црвен крст, Саит Саити.

Лавина од реакции за случувањата во Црвениот крст се покренаа откако полицијата деновиве поднесе кривична пријава против поранешниот секретар на општинската организација во Битола, Никола Христовски. Полицијата го сомничи дека ја злоупотребил службената положба и во 2011 година присвоил парични средства од 2.170 евра, кои биле уплатени од волонтери од Клубот на млади за патни трошоци за престојување во летен камп во Бурса-Турција.

Парите се уплатени на превозникот. Многу парадоксална ситуација е превозна фирма да ви изврши превоз во август 2011 година, а до денес да нема тужба за неисплатен надомест за извршениот превоз.

Христовски јавно реагираше дека не ги присвоил парите, туку ги уплатил на сметка на превозникот, за што постоела уредна документација.

Поранешниот секретар на битолскиот Црвен крст, Никола Христовски.

Поранешниот секретар на битолскиот Црвен крст, Никола Христовски.

„Имавме состанок со родителите на младите волонтери и беше изнесено дека во тој момент општинската организација не располага со пари за превозот на децата. Сесрдно се понудија и прифатија сами да го финансираат превозот по 4.200 денари за секое од тие 33 деца. Парите се уплатени на превозникот. Многу парадоксална ситуација е превозна фирма да ви изврши превоз во август 2011 година, а до денес да нема тужба за неисплатен надомест за извршениот превоз“, вели Христовски.

Утврдени беа недоследности во работењето, па дојде до негова смена. Ние не го пријавивме во полиција, туку државните органи сами истражуваа.

Пријавата и неговото разрешување пред четири месеци од функцијата, вели дека е последица на ривалитетот со првиот човек на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити.

„Ова има длабока позадина, како правник се противев на одредени случувања. Како може првиот оперативец 5,5 години да биде в.д., тоа го нема ни во правилници, ни во статути, 18 општински организации во Македонија кубурат, односно тешко остваруваат личен доход, има крајно изразен непотизам и во општинската организација во Битола, се променија одредби од статутот со кои се нудат неограничени мандати за делегатите и се зголемија ингеренциите на генералниот секретар“, обвини Христовски.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, вели дека не се работи за никаква нетрпеливост, туку за забелешки во работењето на Христовски.

„Утврдени беа недоследности во работењето, па дојде до негова смена. Ние не го пријавивме во полиција, туку државните органи сами истражуваа. Крајно некоректно е вината да ја префрлува од наша страна. Во однос на непотизмот секретарот е тој што вработува, а ако имало такви случаи додека бил на таа позиција, можел да ги спречи“, изјави Саити.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG