Достапни линкови

Легализирање на дворовите на охридските училишта


Илустрација: Основното училиште Братство и единство во Охрид.

Илустрација: Основното училиште Братство и единство во Охрид.

Сите основни и средни училишта во Охрид до крајот на оваа или почетокот на наредната година треба да ја извршат потребната легализација на дворните места за да ги префрлат под нивна капа.

Охридските училишта ќе ги враќаат училишните дворови во нивна сопственост. Некои се во процедура за враќање, други, пак, веќе го направиле тоа. Сите основни и средни училишта до крајот на оваа или почетокот на наредната година треба да ја извршат потребната легализација на дворните места за да ги префрлат под нивна капа. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека локалната власт успешно го започнала овој процес.

За прв пат во историјата на Охрид ги започнавме процесите на расчистување на имотно-правните односи на охридските училишта кои во изминатиот период не беа решени.

„За прв пат во историјата на Охрид ги започнавме процесите на расчистување на имотно-правните односи на охридските училишта кои во изминатиот период не беа решени. Сето тоа се прави со средства на локалната самоуправа ако се има во предвид каква финансиска состојба затекнаваме во училиштата и дел од нив веќе се запишани во катастар“, рече Бакрачески.

Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Директорот на Основното училиште Христо Узунов, Тони Симоноски, рече дека биле во завршна фаза на враќање на имотот во нивна сопственост.

Веќе во завршна фаза е решавањето на имотно-правните односи. Како училиште можеби предничиме во изготвувањето на елаборатите.

„Веќе во завршна фаза е решавањето на имотно-правните односи. Како училиште можеби предничиме во изготвувањето на елаборатите, така што училиштето „Христо Узунов“ ќе си биде свое на своето“, рече Симоноски.

Јордан Пуроски, директор на Основното училиште Свети Климент Охридски, вели дека располагаат со дворна површина од 3.500 квадратни метри.

„За време на летниот период геодетска компанија дојде во нашето училиште и направи мерење за изработка на елаборатот за нашето училиште заедно со училишниот двор. Нашето училиште има документација и имотен лист. Сега, со изработка на овој елаборат, тој ќе се користи за утврдување на сопственоста. Тоа ќе биде од голема корист за сите нас. На пример тоа ќе ни биде потребно да најдеме некој инвеститор за доградба на училница, за подигнување на кат повеќе, тие документи ни се неопходни и без нив не може ништо да се прави“, рече Пуроски.

На овој начин училиштата ќе може да вршат и одредени градежни зафати ако од тоа имаат потреба, нешто што досега не можеа да го прават поради проблемот кој го имаа со сопственоста на дворните површини.

XS
SM
MD
LG