Достапни линкови

Седуммина Авганистанци осудени на смрт поради силување


Авганистанскиот суд денеска осуди седуммина мажи на смртна казна поради групно силување на четири жени, случај што ја разгневи авганистанската јавност. Седумтемина беа прогласени виновни за киднапирање и напад на група жени што се враќале во Кабул од свадба надвор од градот минатиот месец. Пред судот во Кабул за време на процесот имаше протести, а судењето беше во живо пренесувано на телевизија. Многу случаи на силување на Авганистан не се пријавуваат поради срамот на жртвите. Според шиитското право, жртвите мора да обезбедат четири сведоци на силувањето, а во спротивно може да бидат обвинети за прељуба. Сепак, во овој случај жртвите беа охрабрени од нивните семејства да ја побараат правдата на суд. Некои од сведоците носеа бурки за време на судењето.

XS
SM
MD
LG