Достапни линкови

Рама: Македонија во НАТО ако целосно го спроведе Рамковниот договор


Албанскиот премиер Еди Рама.

Албанскиот премиер Еди Рама.

Албанскиот премиер Еди Рама, Самитoт во Велс го искористил да упати две значајни пораки, една за признавање на Косово од страна на земјите членки на Алијансата кои тоа досега не го сториле и другата до Македонија доколку сака да стане членка на Алијансата, јави тиранската телевизија „А1 рапорт“.

Не прецизирајќи дали станува збор за цврст услов, Рама изјавил дека Македонија треба прво да го исполни целосно Рамковниот договор, што е прва ваква изјава на албански државник.

„Сите треба заедно да работиме со поголем интензитет за да го отвориме патот за Македонија да биде членка на НАТО. Под А, неопходно е да се врши притисок врз страните за да се реши Одисејата на проблемот со името и под Б, треба да се бара од владата во Скопје да го почитува спроведувањето на Охридскиот договор“, нагласил Рама.

Албанскиот премиер ја нагласил и потребата од зачленување на други земји од Балканот во НАТО, почнувајќи од Црна Гора, за која Рама побарал покана во стратегијата за проширување.

XS
SM
MD
LG