Достапни линкови

Посилни воени врски меѓу САД и Грузија


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека „бесрамната руска агресија во Украина“ ги натераа САД и Грузија да се обврзат за посилни воени врски. По средбата со грузискиот министер за одбрана Иракли Аласаниа денеска во Тбилиси, Хејгел оцени дека Самитот на НАТО што се одржа на 4 и 5 септември во Велс бил „важна пресвртница во грузиските напори за влез“ во Алијансата. Тој рече дека САД ќе ѝ помогнат на Грузија да ја исполни нејзината цел за зачленување во НАТО, нагласувајќи дека „продлабочувањето на односите меѓу НАТО и Грузија е особено важно со оглед на опасните и неодговорни постапки“ на рускиот претседател Владимир Путин. Хејгел рече дека тие постапки ја вклучуваат „нелегалната анексија на Крим, која САД не ја признава, како и тековната воена кампања што Русија ја спроведува во источна Украина“, но и руските „активности во меѓународно признатите граници на Грузија“, односно во сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија.

XS
SM
MD
LG