Достапни линкови

Десет работници загинаа на градилиште во Истанбул


Истанбул, илустрација.

Истанбул, илустрација.

Десетмина работници загинаа, а едно лице е повредено, на градилиште во центарот на Истанбул кога од 36-от кат на зградата која е во изградба паднал лифт. Градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу, изјави дека инцидентот се случил синоќа, а во тек е истрага за случајот. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изрази сочувство поради смртта на работниците, додавајќи дека истрагата ќе биде спроведена детално. На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникарски возила, медицинска помош и спасувачки екипи. Според податоците на Меѓународната организација за труд, Турција се наоѓа на трето место по бројот на несреќите на работно место.

XS
SM
MD
LG