Достапни линкови

Милитантите од Исламската држава обезглавија заробен либански војник


Илустрација.

Илустрација.

Милитантите од Исламската држава обезглавија заробен либански војник, покажуваат фотографиите објавени на социјалните медиуми. Тоа е втор либански заробен војник кој е убиен од исламистите откако организацијата упадна во либански граничен град минатиот месец. Убиениот е дел од групата од 19 војници кои се водат за исчезнати од нападот врз градот Арсал. Исламската држава неодамна обезглави двајца американски новинари. Во меѓувреме, сириски воени авиони бомбардираа пекарница под контрола на Исламската држава во градот Рака. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во нападот загинале 25 луѓе. Тие соопштија и дека владините сили бомбардирале голем тренинг камп на исламистите.

XS
SM
MD
LG