Достапни линкови

logo-print

Нарушено примирјето во источна Украина


Експлозии од гранати денеска одекнале во близина на Доњецк во источна Украина по што се зголемија стравувањата дека дводневниот прекин на огнот може да пропадне. Гранатирањето дошло од правец на областа околу аеродромот во Доњецк кој е под контрола на владините сили, но од мај е мета на напади од проруските сепаратисти. Ноќеска во градот Мариупол на Азовското Море, кој е под контрола на владините сили, исто така биле забележани сериозни прекршувања на примирјето кога владините сили биле нападнати се ракетен оган. Претходно, претседателите на Украина и на Русија, Петро Порошенко и Владимир Путин, сооштија дека прекинот на огнот во најголем дел се почитува, но оти се чини кревок. Кабинетот на Порошенко вчера соопшти дека двајцата претседатели разговарале телефонски за тоа како да му дадат на примирјето „стабилен карактер“.

XS
SM
MD
LG