Достапни линкови

logo-print

Американски воздушни напади кај браната Хадита во Ирак


Илустрација.

Илустрација.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека САД почнаа воздушни напади во близина на ирачката стратешка брана Хадита, која од јуни е под закана од милитантите од Исламската држава. Тој рече дека нападите почнале денеска на барање на ирачката влада за „да се спречи понатамошната терористичка закана“ врз ирачките сили кои ја контролираат браната.

„Ако браната падне во рацете на Исламската држава, тоа ќе предизвика сериозна штета и ќе создаде голем ризик, меѓу другото и за американските интереси во Ирак“, рече Хејгел.

Браната Хадита на реката Еуфрат во провинцијата Анбар на западот на Ирак е најголемата хидроцентрала во земјата. Вештачкото езеро Кадисија, пак, се користи и за наводнување на нивите на кои се произведува значително количество храна во земјата. Со овие воздушни напади се отвора нов фронт во контраофанзивата против милитантите. Претходните американски воздушни напади беа фокусирани на цели во северен Ирак.

XS
SM
MD
LG