Достапни линкови

logo-print

НАТО одржа воени вежби во Летонија


Илустрација.

Илустрација.

НАТО вчера одржа воени вежби во Летонија во време кога Алијансата го повтори ветувањето дека ќе ги брани балтичките членки на сојузот од сè поагресивната Русија. Околу 500 падобранци со стотици возила и авиони за вежба завчера пристигнаа во Летонија. Летонскиот министер за одбрана Реимондс Вејонис ја поврза вежбата со украинската криза.

„Русија го игнорира меѓународното право и се дефинира како агресор“, рече тој.

Вкупно две илјади војници од девет држави се вклучени во вежбите ширум Германија, Естонија, Летонија, Литванија и Полска до 10 септември. Шефовите на НАТО на Самитот во Велс на 5 септември се договорија за формирање сили за брза реакција е да ги засилат вежбите во Источна Европа како одговор на руските постапки во Украина.

XS
SM
MD
LG