Достапни линкови

Извлечени телата на четворица загинати босански рудари во Зеница


Спасувачките екипи успеаја да ги извадат на површина телата на четворица од петтемина загинати босански рудари во Зеница.

Во несреќата во рудникот Распоточје во централниот дел на Босна и Херцеговина загинаа пет лица, а 29 се спасени. Вкупно петмина рудари останаа под земја.

По 15-часовна операција за извлекување на телата на рударите, кои останале на длабочина од 500 метри, на површината беа извлечени телата на четворица загинати рудари.

Телото на петтиот рудар се наоѓа на друго место во рудникот и спасувачките екипи не успеале да стигнат до него. Се очекува операцијата да продолжи и телото да биде извлечено.

XS
SM
MD
LG