Достапни линкови

Путин и Порошенко разговарале за примирјето во источна Украина


Киев соопшти дека украинскиот и рускиот претседател, Петро Порошенко и Владимир Путин, телефонски разговарале и се договориле за неопходните чекори кои ќе овозможат прекинот на огнот во источна Украина да стане траен. Тие исто така обзнанија дека примирјето засега се почитува. Порошенко рекол дека е важно да се работи на долгорочно решение за окончување на конфликтот во кој од април досега загинаа 2.600 луѓе. Сепаратистите, пак соопштија дека дека и покрај прекинот на огнот не се откажуваат од нивната намера за отцепување од Русија. Западните земји, кои ја обвинуваат Русија дека ги поддржува сепаратистите со војска и со оружје, се скептични за договорот. Русија негира каква било вмешаност во конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG