Достапни линкови

Русија ја обновува поморската база на Арктикот


Русија испрати група бродови на Арктикот со цел обновување на постојаната поморска база на Северната флота. Руските медиуми објавија дека бродовите, меѓу кои два амфибиски бродови за напд и противподморнички брод, тргнаа денеска од Северноморс во близина на границата со Норвешка. Тие треба да однесат опрема и персонал во воената база од советско бреме на истокот на Новосибирските Острови. На одредени делови од патот ќе се користат и мразокршачи. Пред една година, десет брода беа испратени на Новосибирските Острови да однесат опрема за повтона изградба на базата која беше напуштена во 1993 година. Русија го зајакнува поморското присуство на Арктикот, како и други држави како Канада и Норвешка, во потрага по природни ресурси.

XS
SM
MD
LG