Достапни линкови

Морси обвинет за загрозување на националната безбедност


Египетскиот јавен обвинител подигна обвинение против соборениот претседател Мохамед Морси за загрозување на националната безбедност со тоа што му издавал државни тајни на Катар. Египетските медиуми објавија дека поранешниот исламистички претседател е обвинет дека на катарската сателитска телевизија Ал Џазеира ѝ дал пристап до тајни документи додека бил на функцијата. Морси, кој е првиот демократски избран претседател на Египет, беше соборен од страна на армијата во јули минатата година по големите протести против неговото владеење. Тој е во затвор. Против него се водат три други судски случаи за кои може да добие смртна казна. Египетската влада ја прогласи неговата организација Муслиманско братство за терористичка организација. Не е закажан датум за ново рочиште. Катар е главниот сојузник на Морси и на Муслиманското братство.

XS
SM
MD
LG