Достапни линкови

Среќен роденден татковино


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите прогресивни борци и идеалисти за независност на Македонија се обединија во ВМРО-ДПМНЕ како главен стожер, двигател и носител на остварувањето на целта за независност на Македонија во повеќепартискиот систем на македонскиот парламентаризам, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Стремежот за национална слобода и територијална самостојност, сувереност и независност беше израз на многувековна борба на македонскиот народ. Со основањето на ВМРО во 1893 година во Солун, таквата идеја, стремеж и борба за прв пат доби организиран карактер со единствена цел на Организацијата: независна и суверена Република Македонија!

Во текот на Народно ослободителната борба на македонскиот народ или вториот Илинден, во Прохор Пчински на 2 август 1944 година на заседанието на АСНОМ беа удрени темелите на современата македонска држава, но во склоп на Федеративна Југославија.

Солунските атентати, кревањето на Илинденското востание, жртвите и борбата на Татарчев и Поп Арсов, Делчев и Сарафов, Узунов и Александров, Даме Груев и Питу Гули и илјадници знајни и незнајни револуционери и великани на ВМРО, борејќи се за мајка Македонија, цврсто ја втемелија целта за независна Македонија во колективната свест на македонскиот народ. По големите премрежија од илинденскиот период, балканските војни, Првата и Втората светска војна, таквата цел сè уште не беше остварена, но пролеаната македонска крв низ овие времиња остана завет за остварување на целта на следните генерации Македонци.

Во текот на Народно ослободителната борба на македонскиот народ или вториот Илинден, во Прохор Пчински на 2 август 1944 година на заседанието на АСНОМ беа удрени темелите на современата македонска држава, но во склоп на Федеративна Југославија.

По конституирањето на македонската држава во склоп на Федеративна Југославија, уште повеќе се засили идејата за остварување на конечната цел. Оние кои продолжија да ја носат и да се борат за идејата за независност на Македонија се соочија со суровиот репресивниот режим на Југославија. За идејата за слобода и независност се плаќало со смрт, за различно мислење и идеjа се плаќало со затвор, бројни се примерите како Ченто, Брашнаров, Влахов, Пирузе, Драган Богдановски, струмичките студенти кои со својата жртва денес ни овозможија да го живееме вековниот сон на сите македонски борци.

Но, сепак Петре М. Андреевски, бисерот на македонската пишана мисла, најубаво го опишал македонскиот народ. ПИРЕЈ. „Племето наше е пиреј и не го ништи ниту една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“

Во 90-тите години со падот на берлинскиот ѕид и падот на комунизмот созреаја условите и во Македонија за отцепување од Југославија и конституирање на независност на Македонија. Младите во Македонија сè поактивно започнаа да го канализираат своето знаење, своите идеи и својата енергија во градењето на татковината и конституирањето на независноста. Младите прогресивни борци и идеалисти за независност на Македонија се обединија во ВМРО-ДПМНЕ како главен стожер, двигател и носител на остварувањето на целта за независност на Македонија во повеќепартискиот систем на македонскиот парламентаризам.

Младите прогресивни борци и идеалисти за независност на Македонија се обединија во ВМРО-ДПМНЕ како главен стожер, двигател и носител на остварувањето на целта за независност на Македонија во повеќепартискиот систем на македонскиот парламентаризам.

Најпрвин на 25 јануари 1991 се донесе Декларацијата за независност, која беше предвесник на референдумот на 8 септември 1991 година со што конечно се удрија темелите на независна, суверена и самостојна Македонија. Залагањето на ВМРО-ДПМНЕ која ги обединуваше стремежите на секоја индивидуа за независност, македонска војска, македонска химна, македонска валута, станаа реалност.

Во екот на независноста почна и болниот транзициски период за кој не би сакал сега да пишувам, мачните реформи, негирањето од страна на соседните држави, војни на Балканот кои отворија нови предизвици за заштита на македонскиот народ и држава.

Желбата и предизвиците останаа втемелени во младите во земањето учество во градењето и заштита на татковината. УМС на ВМРО-ДПМНЕ стана спој на млади индивидуи кои бестрашно застанаа во решавање на предизвиците, борба за подобар живот, столб на младинската политика која никогаш не подлегна пред притисоците на најсилните стремежи на македонскиот народ.

Денес, чекориме храбро кон иднината, трудејќи се да ги оставиме во минатото одредени ликови кои никогаш не требаше да ѝ се случат на Македонија. Но, не и да ги заборавиме. Македонија сега има храбри синови и ќерки кои веруваат во идејата која ја следеле од нашите предци. Напорно работат, ја афирмираат македонската идеја и се горди што се Македонци.

Честит 8 Септември! Денот кога Република Македонија и македонскиот народ победија. Честито 23 години независност на нашата Република! Да славиме уште многу јубилеи и да си ја сакаме нашата татковина. Среќен роденден ТАТКОВИНО!

XS
SM
MD
LG