Достапни линкови

Изгласана доверба на владата на Давутоглу


На Владата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска и беше изгласана доверба во турскиот парламент, една недела откако поранешниот шеф на дипломатијата беше одреден за наследник на досегашниот премиер, а сега претседател на државата, Реџеп Таип Ердоган.

Владејачката Партија за правда и развој минатата недела го одобри Давутоглу за наследник на Ердоган кој на местото премиер на Турција помина повеќе од деценија.

За Давутоглу денеска гласаа 206 турски пратеници, а против беа 133.

Новиот премиер вети дека Владата, почитувајќи ја довербата, ќе работи деноноќно. Претставувајќи ја програмата на владата, Давутоглу на 1 септември ги потврди амбициите Турција да стане една од десетте економски најмоќни држави во светот.

XS
SM
MD
LG