Достапни линкови

Москва ќе реагира ако ЕУ воведе нови санкци против Русија


Руското Министерство за надворешни работи предупреди дека Москва ќе реагира ако ЕУ воведе нови санкции против Русија поради нејзината улога во украинската криза. Во денешното соопштение од министерството се наведува дека ако се воведат нови санкции „несомнено ќе има реакција од наша страна“. ЕУ вчера најави дополнителни мерки, но соопшти дека може да бидат суспендирани ако Москва ги повлече силите од Украина и ако продолжи прекинот на огнот меѓу владините сили и проруските бунтовници во источна Украина. Новите санкции предвидуваат проширување на листата на луѓе на кои им се забранет влез во ЕУ, а нивните средства во Унијата се замрзнуваат и им се забранува на државните руски компании да се задолжуваат на европските пазари. Новите санкции треба формално да бидат усвоени на 9 септември. Руското министерство соопшти дека новите санкции се сигнал за поддршка за војната во Украина.

XS
SM
MD
LG