Достапни линкови

logo-print

Уапсен гувернерот на Централната банка на Албанија


Гувернерот на албанската Централна Банка, Ардиан Фулани е уапсен синоќа под обвинение за злоупотреба на службената положба во врска со кражбата на над шест милиони долари од трезорот на банката. Канцеларијата на албанското Обвинителство соопшти дека Фулани бил уапсен во неговиот кабинет.

Гувернерот е 17-то лице, вработено во банката, кое е уапсено во врска со кражбата на вкупно 713 милиони леки (6,63 милиони долари), исчезнати од зградата каде се наоѓаат готовинските резерви.

Централната банка кон крајот на јули ја соопшти информацијата за кражбата, а тогаш беа уапсени двајца службеници за кои се претпоставува дека во последните четири години ги изнесувале парите од институцијата.

Фулани, и покрај протестите на граѓаните кои покренале петиција за негова смена, одбивал да поднесе оставка, а тој бил поддржан и од надзорниот одбор.

XS
SM
MD
LG