Достапни линкови

logo-print

Малезија повторно испраќа инспектори во источна Украина


Малезија планира повторно да испрати инспектори на местото на уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина. Малезискиот премиер Наџиб Разак денеска изјави дека тимот ќе собира физички докази кои ќе овозможат да одговараат виновниците за соборувањето на авионот. Малезискиот авион се урна на 17 јули во источна Украина на територија под контрола на бунтовниците. Авионот веројатно бил соборен со противавионска ракета. Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа. Меѓународните истражители ги пронајдоа останките на многу, но можеби не сите жртви. Потрагата на местото на уривањето беше прекината на 6 август поради продолжувањето на борбите во непосредна близина на местото. Холандските власти, кои ја координираат истрагата со уште неколку држави, соопштија дека ќе го објават првичниот извештај за катастрофата на 9 септември.

XS
SM
MD
LG