Достапни линкови

Прекин на огнот во источна Украина


Проруските сепаратисти и владините сили во источна Украина се чини дека го почитуваат прекинот на огнот кој почна вчера во 17 часот по средноевропско време. Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека сега е важно да почне да се работи на долгорочно решавање на конфликтот во кој од април досега загинаа 2.600 луѓе. Сепаратистите велат дека прекинот на огнот не значи промена на нивната политика за отцепување на Украина. Западните земји, кои ја обвинуваат Русија дека ги поддржува сепаратистите со војска и со оружје, се скептични во врска со договорот за прекин на огнот. Русија, пак, негира каква било директна вмешаност во Украина. И покрај прекинот на огнот, ЕУ вчера се договори за заострување на санкциите кон Русија. Мерките формално треба да бидат усвоени в понеделник, но дипломатите велат дека може да бидат суспендирани ако примирјето продолжи, а Русија ги повлече своите сили од Украина.

XS
SM
MD
LG