Достапни линкови

НАТО се согласи на зголемување на трошоците за одбрана


Лидерите на земјите членки на НАТО на самитот во Велс

Лидерите на земјите членки на НАТО на самитот во Велс

Лидерите на НАТО се согласиле денеска да го прекинат кратењето на воените трошоци, односно тие да издвојуваат по два проценти од БДП за одбраната на сопствените земји. Земјите членки на алијансата кои веќе го достигнале процентот како САД и Британија ќе продолжат и во иднина да го прават тоа, соопштија лидерите по самитот на НАТО во Велс.

Земјите членки чии трошоци за одбрана се под нивото ќе запрат со кратењето на финансиите и ќе ги достигнат планирани два проценти во наредната деценија. САД вршат притисок врз сојузниците за зајакнување на одбраната од финансиската криза во 2008 година.

XS
SM
MD
LG