Достапни линкови

Груевски-Грција со две позиции за името


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека Грција има две позиции за името, едната е официјална, другата е неофицијална. Според него, официјалната е дека сака да го реши спорот, но дека има определени услови за кои што знаат дека нема да може да поминат во Македонија.

Неофицијалната, како што потенцира тој е дека сега не се во можност да го решаваат прашањето, поради внатрешните проблеми. Груевски во интервју за за неделникот „Република“ нагласува дека од друга страна не се ниту подготвени да дадат некоја можност Македонија да оди напред во евроинтеграциите.

XS
SM
MD
LG