Достапни линкови

logo-print

Порошенко-Ќе направиме се за крај на конфликтот во Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека мора да направат се што е можно и невозможно за да се стави крај на крвопролевањето во Украина. Порошенко и претставници на ОБСЕ за Ројтерс потврдиле дека бил постигнат договор за прекин на огнот во источна Украина.

Интерфакс, повикувајќи се на извори блиски на разговорите во Минск претходно јави дека претставниците на украинските власти и на проруските сепаратисти потпишале договорот за прекин на огнот во источна Украина. Во договорот се наведени 16 точки кои ги вклучуваат сите аспекти на набљудување, како размената на затвореници и други прашања. На средбата во Минск присуствуваат и претставници од Русија и од ОБСЕ.

XS
SM
MD
LG