Достапни линкови

Завршена ревизијата на гласачките ливчиња во Авганистан


Авганистанската независна изборна комисија соопшти денеска дека е завршена ревизијата на гласачките ливчиња од вториот круг на претседателските избори во земјата. Комисијата во наредните 24 часа ќе ги испрати резултатите до надлежните тела, кои имаат рок од 48 часа да поднесат жалби.

Крајните резултати се очекува да бидат објавени на почетокот на наредната недела. Ревизијата беше спроведена поради тврдењата на еден од кандидатите Абдула Абдула за нерегуларности на гласањето.

XS
SM
MD
LG