Достапни линкови

Загинаа пет рудари во БиХ


Повреден рудар од несреќата во рудникот за јаглен во Зеница.

Повреден рудар од несреќата во рудникот за јаглен во Зеница.

Босанските медиуми јавија дека пет од рударите кои беа блокирани под земја во рудникот за јаглен во Зеница го загубиле животот. 34 рудари беа заробени по земјотресот со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала кој се случи вчера попладне. Епицентарот на земјотресот бил на 53 километри северозападно од Сараево. Останатите 29 рудари се спасени и им е пружена медицинска помош.

XS
SM
MD
LG