Достапни линкови

Откриени 50 илегални мигранти во воз во Гевгелија


Илегални мигранти кои беа откриени во товарен воз на железничката станица во Велес.

Илегални мигранти кои беа откриени во товарен воз на железничката станица во Велес.

МВР соопшти дека на железничката станица во Гевгелија во товарен воз кој сообраќал на релација од Солун за Косово откри 50 странски државјани од Авганистан, Сирија и Пакистан. Тие се обидувале нелегално да ја преминат границата од Грција во Македонија.

По преземени мерки мигрантите се предадени на граничниот премин Идомени, Грција. Пред неколку дена повеќе од 100 илегални мигранти од Сирија и Ирак, беа откриени на железничка станица Велес во вагоните од товарен воз кој превезувал јаглен од Солун.

XS
SM
MD
LG