Достапни линкови

Кери повика на план против Исламската држава


Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека лидерите на НАТО ги осудиле варварските и одвратни акти спроведени од милитантите на Исламската држава.

Американскиот државен секретар Џон Кери повика да се изготви план за спротиставување на милитантната група, кој според него, би требало да биде готов до одржувањето на средбата на Генералното Собрание на ОН во текот на месецот. Тој ги повика сојузниците да придонесат во борбата против заканата од милитантите на Исламската држава. Кери и Камерон зборуваа за време на самитот на НАТО во Велс.

XS
SM
MD
LG