Достапни линкови

Македонија не се снаоѓа во „новото“ НАТО


Министерот за одбрана Зоран Јолевски присуствуваше на состанокот на министри за одбрана на НАТО самитот во Велс.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски присуствуваше на состанокот на министри за одбрана на НАТО самитот во Велс.

Државава и не се снаоѓа многу добро во новите констелации на односите внатре во Алијансата, вели поранешниот македонски амбасадор во НАТО Нано Ружин.

На овој самит НАТО се враќа на причините за кои е формиран, па соочувајќи се со повторна безбедносна закана од Исток, очекувањата се дека Алијансата ќе се обиде да се врати на основна мисија. Кризата во Украина, војната во Авганистан, освојувачките походи на бунтовниците од Исламска држава во Ирак и во Сирија, ги принудија членките на Алијансата да ги менуваат начините на кои досега дејствуваа.

Во однос на тоа што Македонија би требало да интензивира е да започне да ги користи, што повеќе фондовите коишто ги дава НАТО, во однос на модернизирање на опремата, но и во однос и на примена на иновативни и технолошки напредни технологии.

И самиот генерален секретар на воениот сојуз Андерс Фог Расмусен најави дека акциониот план се основа на три главни компоненти-долгорочни мерки за обезбедување на сигурноста на сојузниците, присуство на НАТО силите во Источна Европа, обновени планови за одбрана и почести воени вежби и трето надградба на силите за брза реакција со цел да можат да бидат разместени и пред да избувне некој конфликт.

Универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев не очекува големи промени во Алијансата барем на краток рок, зошто, како што вели, и внатре меѓу членките постојат различни мислења. Тој смета дека Македонија како земја што се уште не е членка и не може да стори повеќе од она што го прави засега.

За жал, со овој, би рекол, НАТО скептицизам што го поставува актуелната влада на Република Македонија, практично ние се доведуваме во состојба на неподготвеност и несоодветност, согласно оние промени и трансформации коишто се случуваат во Алијансата меѓу државите членки.

„Во однос на тоа што Македонија би требало да интензивира е да започне да ги користи, што повеќе фондовите коишто ги дава НАТО, во однос на модернизирање на опремата, но и во однос и на примена на иновативни и технолошки напредни технологии, кои ќе овозможат унапредување пред се на безбедноста и на одбраната“, вели Хаџи Јанев.

И додека на овој самит главни се глобални теми, за проширувањето и случајот со Македонија не се очекува речиси ништо. Името на земјава се чини се слуша само од македонските претставници во Кардиф, па така и министерот за одбрана Зоран Јолевски повтори дека државава ја гледа својата иднина во НАТО и e подготвена да ги преземе сите обврски и одговорности како полноправна членка.

Но според поранешниот македонски амбасадор во НАТО Нано Ружин државава и не се снаоѓа многу добро во новите констелации на односите внатре во Алијансата. Тој вели дека владата тоа го покажала и вчера при ребалансот на буџетот кога за одбраната оставила помалку пари од предвидени според НАТО стандарди 2 отсто.

„За жал, со овој, би рекол, НАТО скептицизам што го поставува актуелната влада на Република Македонија, практично ние се доведуваме во состојба на неподготвеност и несоодветност, согласно оние промени и трансформации коишто се случуваат во Алијансата меѓу државите членки“, вели Ружин.

Во меѓувреме додека се уште трае самитот светските аналитичари проценуваат дека алијансата ја доживува најголемата стратегиска промена на ставовите во последните 25 години.



  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG