Достапни линкови

Камерон-Русија не ги почитува правилата


Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека Русија не ги почитува правилата со анексијата на Крим и со трупите во источна Украина. Камерон ја даде изјавата за време на самитот на НАТО во Велс, на кој се разговара за конфликтот во источна Украина.

Според него, НАТО мора да ја реафирмира својата посветеност во заштитата на сојузниците, меѓу кои и земјите членки од источна Европа. Генералниот секратар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави дека вратата на организацијата ќе остане отворена за земјите кои сакаат да станат членки.

XS
SM
MD
LG