Достапни линкови

Ердоган бара екстрадиција на исламскиот проповедник Ѓулен


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да побара од американскиот претседател Барак Обама екстрадиција на проповедникот Фетхулах Ѓулен, објавија денеска турските медиуми. „Со САД сме стратегиски партнери. Ние на САД им предаваме терористи, затоа сега велам: Или депортирајте го Ѓулен или предајте ни го“, изјавил Ердоган кој го обвинува исламскиот проповедник Ѓулен, кој живее во САД, за создавање „паралелна држава“ и за влијание врз полицијата и судскиот систем во Турција. Турскиот претседател ќе се сретне со Обама вечерва во рамките на самитот на НАТО во Велс. Ердоган наведе дека со Обама ќе разговара за Ирак, Сирија и за израелско палестинската криза.

XS
SM
MD
LG