Достапни линкови

logo-print

Волерс - Македонија е одличен партнер во борбата против тероризмот


Сакам да се заблагодарам на Македонија што ни е одличен партнер и во борбата против тероризмот, рече американскиот амбасадор Пол Волерс.

Соединетите Американски Држави продолжуваат со поддршката во реформите која и ја даваат на Македонија. Американскиот амбасадор Пол Волерс, по потпишувањето на второто дополнување на Писмото за согласност од 2012 година за спроведување на законите меѓу владите на двете земји, изјави дека документот го одразува блиското партнерство во правосудниот сектор и реформите кои треба да осигураат дека земјата е целосно подготвена за да се остварат аспирации за идно членство во Европската унија и во НАТО кое силно го поддржуваат.

Македонија е регионален лидер во борбата против трговијата со луѓе, а исто така и во борбата против компјутерскиот криминал. Сакам да се заблагодарам на Македонија што ни е одличен партнер и во борбата против тероризмот.

Тој истакна и дека за владата, полицијата и судските власти и понатаму остануваат предизвици во реформите и во спроведувањето на законите и затоа ги охрабри да продолжат со борбата против корупцијата, неселективното гонење и да се обидат да ги разрешат сите проблеми поврзани со меѓуетничките односи.

„Македонија е регионален лидер во борбата против трговијата со луѓе, а исто така и во борбата против компјутерскиот криминал. Сакам да се заблагодарам на Македонија што ни е одличен партнер и во борбата против тероризмот“, рече Волерс кој го поздрави и донесувањето на измените на кривичниот законик со кои ќе се казнуваат лицата што учествувале во воени конфликти во други земји, додавајќи дека Македонија не е сама во борбата против тероризмот.

Целта е повеќе од императивна, а тоа е зајакнување на капацитетите на надлежните институции за спречување и справување со криминалот, посебно на организираниот криминал и корупцијата.

Од македонска страна писмото го потпишаа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за правда Аднан Јашари. Според Јанкулоска, ова преставува уште една потврда за цврстото партнерство меѓу двете заедници и заедничката посветеност на македонските евроатлански аспирации.

„Вклучително со ова потпишување се регулира и потребата за поддршка на имплементација на акцискиот план на Владата на Република Македонија за поглавјето 23 - судство и фундаментални права и 24 - правда, слобода и безбедност од заедничката европска правна рамка. Целта е повеќе од императивна, а тоа е зајакнување на капацитетите на надлежните институции за спречување и справување со криминалот, посебно на организираниот криминал и корупцијата“, рече Јанкулоска.

Нејзиниот колега, Јашари, пак, нагласи дека остварувањето и заштитата на човековите права во едно демократско општество несомнено е поврзано со ефикасното функционирање на судството како самостојна власт.

„Министерството за правда во изминатиов период се зафати со сериозни чекори со реформата на судството за што во тек е постапка за донесување на амандманите на Уставот. Во тој дух времето во кое се спроведуваат активностите од писмото за согласност соодветствува со имплементацијата на новите нормативни решенија во областа на правосудството. Нивната основна цел е обезбедување соодветен пристап до правдата за граѓаните“, рече Јашари.

Инаку ова е второ надополнување на Договорот за програмите за правна помош, првпат потпишан во август 2012 година. Досега помошта во владеењето на правото во Македонија од САД беше за полициските службеници, обвинители и адвокати, со посебен акцент на спроведување на новиот Закон за кривична постапка што стапи во сила во декември 2014 година. Амабасадорот најави дека ќе ја прошират помошта и поддршката во реформите во правната едукација, ќе се фокусираат и на образованието на идните адвокати, обвинители и судии.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG