Достапни линкови

Во БиХ повеќе од 30 рудари блокирани под земја


По слабиот земјотрес 34 рудари се блокирани под земја во рудникот за јаглен во Зеница. Земјотресот со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала се случи вчера попладна. Епицентарот на земјотресот бил на 53 километри северозападно од Сараево. По земјотресот 56 рудари биле под земја, но 22 успеале да излезат на површината. Двајца од нив се повредени и се хоспитализирани.

XS
SM
MD
LG