Достапни линкови

Русија забрани увоз на украински кондиторски производи


Русија денеска соопшти дека забрани увоз на кондиторски производи од две украински фирми: Конти и АВК. Во соопштението се вели дека тие го прекршиле зеконот за заштита на правата на потрошувачите. До ова доаѓа откако Европската унија и Соединетите држави најавија дека денеска ќе објават дополнителни санкции против Русија поради нејзината интервенција во источна Украина. Во меѓувреме, во Минск се очекува да почнат разговори меѓу претставници на украиснките власти и на проруските бунтовници за предложениот прекин на огнот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG