Достапни линкови

Јолевски: Македонија подготвена за членка на НАТО


Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и e подготвена да ги преземе сите обврски и одговорности како полноправна членка на НАТО, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на состанокот на министри за одбрана посветен на Иницијативата за интероперативност во рамките на самитот на Алијансата во Кардиф. Тој додаде дека Македонија ќе продолжи да ги споделува вредностите на НАТО и останува целосно посветена за натамошен развој на националните интероперативни капацитети и способности за придонесување на идните мировни мисии предводени од НАТО.

XS
SM
MD
LG