Достапни линкови

logo-print

Кери се сретна со лидерите на Ерменија и Азербејџан


На маргините на самитот на НАТО во Велс вчера ерменскиот претседател Серж Саркисјан и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев дискутираа за напорите да се реши конфликтот во Нагорно Карабах. Американскиот државен секретар Џон Кери, кој исто така беше на состанокот, според соопштението од Стејт департментот, изразил силна загриженост забележувајќи дека овој е најсмртоносниот период по примирјето од 1994 година. Азербејџан смета дека Нагорно Карабах е дел од нејзинита територија, но регионот е окупиран и администриран од проерменски сили веќе дваесетина години. Кери побарал од двете страни да го почитуваат прекинот на огнот и да работат со ОБСЕ за надминување на конфликтот.

XS
SM
MD
LG